дома Македонија АРСИМ ЗЕКОЛИ КОНТРА ЗАЕВ: Екс-амбасадорот смета дека Заев ја заробува државата!

АРСИМ ЗЕКОЛИ КОНТРА ЗАЕВ: Екс-амбасадорот смета дека Заев ја заробува државата!

Во ексклузивното интервју за ИБНА, поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи жестоко ги критикуваше реформските политики на СДСМ.

На прашањето дали навистина новата влада напорно работи на реформски план и по препораките на меѓународната заедница Зеколи вели: ,, Владата сака да остави впечаток дека работи напорно. Се плашам иако г-дин Заев изјавува дека сака членство во НАТО и ЕУ, тој всушност се обидува да ја зароби државата. СДСМ ќе заврши како ДУИ, партија која се базира на интересите на партијата, корупцијата и некомпетентноста. Како резултат на тоа, меѓународната заедница ќе создаде повеќе пречки на патот на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.

Зеколи во интервјуто ги критикува и приоритетите на СДСМ и вели дека го копира коалициониот партнер ДУИ. Тој потенцира дека Заев се фокусира на меѓународните прашања, а ги заборава внатрешните проблеми, доколку планот за промена на името пропадне нивните политики ќе бидат целосно неуспешни. Разликата помеѓу новата влада и онаа на Груевски е тоа што Груевски беше целосно фокусиран на домашните работи, а многу помалку на надворешен план.

За поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ проблематична е и нетранспарентноста во преговорите за спорот со името.