October 6, 2022, 2:38 am

Арсовска до Шилегов: Да имаше некој интерес да го среди ЈСП, досега ќе беше среден проблем, претпријатието е во долгови поради несеpиозност и неkомпетентност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се употребува зборот банкрот за проектот бесплатен јавен превоз, прво е незнаење, а второ отвора теми за дискусија, реагираат од тимот на кандидатот за градоначалник Данела Арсовска, по тврдењата дека градот ќе банкротира од проектот бесплатен јавен превоз, предложен од неа.

„Дали ЈСП е свесно ставан во долгови наместо да се направи профитабилно претпријатие? Кој го контролира и како го контролира јавното претпријатие? Зошто не е направен подобар систем на функционирање на јавниот превоз? Зошто се чекаше 4 години да се реши едноставен проблем? Кој водел сметка за финансиската страна на работата на ЈСП? За две години потрошено е 300 милиони денари кеш, повеќе од што е заработено? На што е потрошено? Во 2020 година купен е инвентар во вредност од 500 милиони денари. Внимавајте, не автобуси, инвентар што значи – алат, мебел? Каде оделе парите на граѓаните и во што? Ова се јавни резултати објавени од финансиските извештаи на ЈСП. Наместо да зборуваме за банкрот, да зборуваме за тоа како е управувано ЈСП и со која намера. Очигледно не е работено според интерес на граѓаните, туку водено е според други интереси.
Кога ќе ставите се на еден куп од ЈСП, претпријатието се става во долгови на сметка на некомпетентност и несериозност при неговото водење. Да имаше некој интерес да го среди ова, досега ќе беше среден проблем. Не може проект како што е јавниот бесплатен превоз, што е вообичаен секаде во Европа за нас да биде неизводлив, посебно не кога станува збор за интерес на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This