дома Политика Арсовска: Сè е можно да се реши брзо ако се има волја...

Арсовска: Сè е можно да се реши брзо ако се има волја и јасен план

Со Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир и носителите на листи за советници од ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Ѓоко Велковски и Зуди Кока, денеска бевме во посета на општината. Непостоењето на атмосферска канализација доведува до чести поплави кога има интензивен дожд во оваа општина, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

-70 семејства на еден потег во чаирското маало Гази Баба немаат фекална канализација, а дополнително во зимскиот период со денови немаат струја. Недостасува основна инфраструктура. Проблем е и недоволниот број паркинг места, нема соодветно улично осветлување и не е решен проблемот со кучињата скитници. Неподходно е реновирање на дел од училиштата, како и конечно завршување на асфалтирањето на улиците каде има најмногу сообраќај. Не смееме да дозволуваме повеќе годините да ни поминуваат во чекање на решавање на проблемите! Сè е можно да се реши брзо ако се има волја и јасен план!, пишува Арсовска на Фејсбук.