дома Политика АРСОВСКИ: Самопрогласениот министер за финансии Заев ќе ја задолжи Македонија нови 15...

АРСОВСКИ: Самопрогласениот министер за финансии Заев ќе ја задолжи Македонија нови 15 милиони евра

Во вторник самопрогласениот министер за финансии Зоран Заев ќе го направи своето прво задолжување. Македонија ќе ја задолжи за нови 15 милиони евра.

Но тоа што е cкaндaлoзнo за ова задолжување е фактот што овој долг доспева за враќање после 30 години, цели три декади. Кога добро ќе се пресмета после триесет години ќе вратиме 15 милиони евра кредит плус 18,8 милиони евра камата, односно вкупно 33,8 милиони евра ќе не чини оваа кaтacтpoфaлнa одлука на Зоран Заев, односно прва одлука за задолжување како самопрогласен министер за финансии изјави денеска Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.