дома Македонија АРТАН ГРУБИ: Мојот единствен фаворит за претседател бил и ќе биде Али...

АРТАН ГРУБИ: Мојот единствен фаворит за претседател бил и ќе биде Али Ахмети!

Организациониот секретар на ДУИ, Артан Груби, ја демантираше веста на „Алмаксос“ дека отворено се залага министерот за надворешни работи Никола Димитров да биде консензуален кандидат на владеачкото мнозинство и на албанските партии за престојните претседателски избори.

„Мојот единствен фаворит за претседател на држава, премиер, претседател на Собрание, претседател на ДУИ и лидер на Албанците, бил, е и ќе биде Али Ахмети. Се друго се лажни вести и очајна платеничка пропаганда”, изјави пратеникот.

Острата реакција на Груби следува откако неговата наводна поддршка за Димитров беше ставена во негативен анти-албански контекст затоа што министерот за надворешни работи од медиумот бепе претставен како пријател на осуденикот од Хаг, Јохан Тарчуловски.