дома Македонија АРТАН ГРУБИ, САРДИСАН: ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

АРТАН ГРУБИ, САРДИСАН: ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше на дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања. Со оглед на тоа што амандманите беа поднесени непосредно пред почетокот на Комисијата, таа за кусо време беше одложена за да се архивираат и преведат амандманите.

ВМРО-ДПМНЕ претходно побара да не се усвои дневниот ред на Комисијата за да не почне да тече рокот за разгледување на амандманите.

Според Деловникот, Комисијата има три дена за да ги разгледа амандманите и да гласа за измените на Изборниот законик што ги предложи Владата.
За три дена амандманите треба да бидат заведени во архивата, да бидат преведени и потоа да бидат ставени на дневен ред за да почне расправата по нив. Претседателот на Комисијата, Артан Груби, рече дека гласањето за измените може да биде в сабота кога истекува рокот.