дома Спорт Асистенција со очи преку пола терен на Барди, Леванте води против Валенсија!

Асистенција со очи преку пола терен на Барди, Леванте води против Валенсија!

Помалиот фудбалски клуб од Валенсија, Леванте има водство од 2-1 во големото градско дерби против „лилјаците“ на Марселиљо, а покрај стрелецот Марти Салвадор, најзаслужен за предноста е и Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец во 33. минута му сервираше асистенција со очи од пола терен на Салвадор, а овој најпрво фантастично ја прими топката и веднаш распали по голот на Нето за 2-1 на Леванте на полувреме.

 

Единственот гол за Валенсија во првиот период го постигна новото засилување Черишев за израмнувачки 1-1.