дома Хроника АУДИ ЗДРОБИ ПОЛИЦИСКИ СПАРК: Сообраќајката во Аеродром била помеѓу полицајци и граѓанин

АУДИ ЗДРОБИ ПОЛИЦИСКИ СПАРК: Сообраќајката во Аеродром била помеѓу полицајци и граѓанин

Во тешка сообраќајна несреќа која пред околу два часа се случила во скопската населба Аеродром повредени се три лица. Сообраќајката се случила во близина на Мајчин Дом.

Во сообраќајката учествувале две моторни возила, првото полициско возило од марката „Шевролет Спарк“ и второто марка „Ауди“, двете со скопски регистарски таблички.

Еден од повредените е со полесни телесни повреди, а две лица се потешки повредени. Истите се пренесени во скопскиот клинички центар и се наоѓаат во критична состојба, пренесе СкопјеИнфо.