дома Македонија АХМЕТИ: Барањето за консензуален претседател ќе го браниме со фанатизам!

АХМЕТИ: Барањето за консензуален претседател ќе го браниме со фанатизам!

На следните претседателски избори ДУИ ќе бара консензуален претседател, најави лидерот Али Ахмети во неговото костување во емисијата Клан Дебат на ТВ Клан Македонија.

– Секако тоа е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ќе го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети.

Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседател, но сѐ уште е рано да се зборува за тоа.