дома Македонија АХМЕТИ: Денешниот ден е многу битен за давање порака!

АХМЕТИ: Денешниот ден е многу битен за давање порака!

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, го даде својот глас во вториот круг од претседателските избори на избирачкото место 0816 во Зајас-Џума.

Денешниот ден за сите граѓани во земјата е многу битен за давање порака до целиот регион и до меѓународната заедница дека сме зрело општество. Не е ден за седење дома, туку ден за да се даде придонес за иднината и така сите заеднички да чекориме кон сигурната иднината на нашата земја. Излезноста до овој момент е поголема за 0,5 проценти споредбено со првиот круг во оваа време. Според моите информации до овој момент изборниот процес се одвива мирно и без никакви проблеми, рече Ахмети.