дома Политика АХМЕТИ ДО МЕДИУМИТЕ: Не сум препродавач на Битпазар за да давам и...

АХМЕТИ ДО МЕДИУМИТЕ: Не сум препродавач на Битпазар за да давам и земам министерства, не работам на тезга

На новинарско прашање дали ДУИ ќе одвои министерски позиции за БЕСА да влезе во Владата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети одговори дека не работи на тезга.

-Јас не сум препорадавач на Бит пазар за да давам или земам министерства, преговорите се одвиваат меѓу политичките партии, на тезга не работам. Тоа е работа меѓу политичките партии со тек на време ќе видеме како ќе менаџираме и како ќе одлучиме во однос на тоа прашање. Сигурно дека ДУИ е многу сериозна партија и е во тек со се што се одвива во земјава, ние не сме гледачи туку актери во одлучувањето во политиката – изјави Ахмети по средбата со Јахнес Хан.