дома Македонија Ахмети до СДСМ: Добро е за нивното здравје да не брзаат и...

Ахмети до СДСМ: Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат

Ахмети одговри на прозивките на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека за ДУИ е најдборо да оди во опозиција и дека нема да имаат премиер.

-Засега останува на мене дали некогаш ќе пишувам мемоари за овие минати 20 години. Но, Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се тие се гласачите на ДУИ, тие се Албанци на Република Македонија, тоа е гласачкото тело. Но, не и Зоран Заев. Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат. Така им се случи пред 20 години кога седнавме и преговаравме за многу големи прашања, територијални поделби и тие ја загубија играта мислејќи дека доаѓаме од планината и не знаеме ниту политика ниту дипломатија, подвлече Ахмети