дома Актуелно АХМЕТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕДИ РАМА: Донесовме документ, но никој не може...

АХМЕТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕДИ РАМА: Донесовме документ, но никој не може да диктира политика на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја коментираше средбата со албанскиот премиер Еди Рама, и документот кој произлезе од оваа средба, а ќе биде носечка платформа на барањата на сите албански партии во преговорите за владина коалиција

Барањата од овој документ ќе биде завршен документ на сите албански партии, но нема да претставува црвена линија, туку само дел од политичките платформи, рекол Ахмети.

„Почеток на јазична еднаквост, економска еднаквост, реформи во судството, ревизија на судски процеси, но и членство на земјата во НАТО и ЕУ и добрите односи со соседните земји“ – се точките во документот усвоен од сите албански политички партии во Тирана, рекол Ахмети.

На прашањето дали како дел од условите се предвидува и новата владина коалиција да напраив бинационална држава, промена на Уставот, Ахмети изјавил дека во документот потпишан во Тирана тој услов не постои. Ахмети негира дека разговарале за формирање на министерство за малцинства.

Ахмети изјавил дека ниту во Албанија, ниту косовските Албанци не можат да изготвуваат политики за Албанците во Македонија, бидејќи како што рекол Ахмети „ние си имаме наши цели и програма“ но додал и дека секоја помош е добредојдена, па дури и онаа на меѓународната заедница.