дома Политика Ахмети на средба со американската амбасадорка, Кејт Брнз

Ахмети на средба со американската амбасадорка, Кејт Брнз

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз.
Ахмети и Брнз, како што соопштија од партијата, разговараа за неодамнешната извршна одлука на американскиот претседател Џо Бајден, владеењето на правото, борбата против корупцијата, зелената агенда, евроинтеграциите и спорот со Бугарија.
Ахмети истакна дека ДУИ целосно ги поддржува одлуките на претседателот Бајден, коишто вклучуваат отворена борба против корупцијата, владеењето на правото и кредибилни демократски
институции.
Ахмети го образложи еколошкиот приоритет на ДУИ преку спроведување на зелената агенда во целосна корелација со американските и европските приоритети, истакнувајќи дека зелената агенда и инклузивноста и различноста, се целосно во согласност со убедувањата на ДУИ.
Во врска со спорот со Бугарија, Ахмети ја истакна „потребата од поистакната американска и европска улога меѓу Скопје и Софија“, како и неопходноста од одржувањето на реформскиот курс од страна на владата, стои во соопштението на ДУИ.
Во партиското соопштение се додава дека соговорниците разговарале и за 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор како успешно заедничко достигнување