дома Политика АХМЕТИ НЕ ГЛЕДАЛ СВЕТЛИНА НА КРАЈОТ НА ТУНЕЛОТ: Според Али, нема решение...

АХМЕТИ НЕ ГЛЕДАЛ СВЕТЛИНА НА КРАЈОТ НА ТУНЕЛОТ: Според Али, нема решение на политичката криза во Македонија!

Али Ахмети соопшти дека нема да ги повлече министрите од моменталната Влада, по консултациите кои ги направиле во партијата, веројатно по согледувањето на фактот дека истите веќе се во оставка, а на тој начин и порано би заминале во опозиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјавата дадена денес, изрази крајно песимистички прогноза по однос на решавање на политичката криза.

Ахмети изјави дека тој „не гледа светлина на крајот на тунелот“. Во меѓувреме се осврна и на „заканите“ на Никола Груевски, велејќи дека проблемите не се решавале со закани.

На крајот додаде дека своите министри ДУИ нема да ги повлече од актуелната влада, под изговор дека тоа не придонесувало кон решавање на политичката криза, туку ќе доведе до поголем ќор-сокак.