дома Македонија Ахмети не се откажува од Албанец премиер, го прашува Заев зошто да...

Ахмети не се откажува од Албанец премиер, го прашува Заев зошто да не?

Лидерот на ДУИ Али Ахмети останува на барањето за ротирачки Албанец премиер. Во изјава за медиумите, Ахмети потенцираше дека СДСМ треба да дадат силни аргументи зошто Албанец не би можел да биде премиер.

Доколку аргументот е силен тогаш отворени сме да дебатираме, зошто не премиер Албанец, прашува Ахмети.

Ахмети најави денеска средба со Зоран Заев и посочи дека преговорите не одат во лош правец.