Ахмети од Теарце: Никогаш не го paзочаравме електоратот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската унија за интеграција на денешниот митинг во општина Теарце ја продолжи предизборната кампања преку презентирање на кандидатот за градоначалник на оваа општина Нухи Незири, листата на кандидати за советници предводена од Бесник Османи.

На жителите на Теарце им се обратија претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, кандидатот за градоначалник Нухи Незири и носителот на листата за советници Бесник Османи.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети во својот говор рече дека Нухи Незири ќе ја има целата поддршка од Демократската Унија за Интеграција кон победата и продолжувањето на развојот на Теарце. Тој, исто така, ја нагласи важноста на спроведување на проектите на зелената агенда за унапредување на животниот стандард на граѓаните и зачувување на природните ресурси што ги поседуваме.

Не двоумете се, како што рече и Нухи, да ги убедите оние што не се во нашите редови, бидејќи ние што сме тука сме сите заедно, но има и други. Имате за што да зборувате, имате што да им кажете на луѓето за тоа што сме го направиле и што ќе го направиме. Ние никогаш не го разочаравме електоратот и најголемиот оценител дека не го разочаравме електоратот, не ги разочаравме граѓаните се победите 18 години по ред без пораз во сите изборни циклуси. Веќе 18 години инвестирав во развојот на кадрите бидејќи кога се има кадар работите ќе одат на подобро. Ви кажувам како брат, јас бев различен во 2002, 2004, 2006 и 2008 година, денес сум поинаков бидејќи се чувствувам навистина горд лидер затоа што нашите кадри не не срамат, туку не прават горди , на меѓународни конференции. Затоа на 17 октомври се гласа за кадри, за континуитет, исто така, се гласа за иднината “. – рече меѓу другото лидерот на ДУИ Али Ахмети во својот говор.

Првиот вицепремиер Артан Груби нагласи дека секоја работа што ја започнува Демократската Унија за Интеграција се завршува во целост, во 100% од нив, набројувајќи ги достигнувањата што го носат печатот на ДУИ и изрази максимална поддршка од целата извршна власт за кандидатурата на Нухи Незири и неговите проекти од програмата.

Нухиу ја претстави својата програма пред вас и ќе ја презентира во следните 12 дена до 17 октомври кога заедно со вашите семејства, заедно со вашите најблиски, заедно во секоја населба од општина Теарце ќе го заокружите бројот 13 за Демократската Унија за Интеграција и Нухи Незири. Но Нухи Незири не е сам, не ја има само поддршката на општина Теарце, на огранокот во Теарце, на носителот на листата, туку и на сите нас во извршната власт кои со добиена насока од Али Ахмети мора да застанеме зад секое ветување на Нухи Незири за општина Теарце. – кажа Груби во неговиот говор.

Кандидатот за градоначалник на Теарце, Нухи Незири ги наведе целите и проектите на неговата работна програма кои се негов приоритет откако ќе ја добие довербата од граѓаните да ја води општина Теарце.

Честопати ме прашуваа зошто одлучив да се кандидирам за градоначалник. Со убедување велам дека функцијата Градоначалник не ја гледам како функција, туку како служба. Не ја гледам како привилегија, туку како должност и обврска. Тоа го гледам како заедничка работа и посветеност за општиот интерес. Мојата куќа е во Теарце, секогаш со отворени врати за сите жители кои имаат какви било проблеми за решавање. Мојот телефон е отворен за секого. Дури и во новата улога во општината, ќе ме обврзете не само да продолжам да бидам отворен, туку и да бидам поангажиран во решавањето на проблемите со кои ќе се соочите. “- изјави Незири во својот говор.

Носителот на листата на советници на ДУИ за општина Теарце, Бесник Османи им се заблагодари на граѓаните на Теарце за дадената поддршка и неговото именување го оцени како одговорност за работа со посветеност и транспарентност.

Се обврзувам дека заедно со градоначалникот ќе бидеме неразделен бином за реализација на барањата и потребите на секој граѓанин кој гравитира и живее во општина Теарце, без оглед на локацијата или политичката ориентираност. Од денес ние без двоумење мора да бараме глас и поддршка за Демократската Унија за Интеграција. Мора да го побараме овој глас бидејќи сме докажале дека имаме капацитет, знаење и храброст да ги водиме процесите напред и во вистинска насока “- рече Бесник Османи во својот говор.

Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи предизборната кампања со собирот што ќе се одржи во општина Боговиње, каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник и листата на кандидати за советници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This