дома Македонија Ахмети: Последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец, наредно е претседател на...

Ахмети: Последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец, наредно е претседател на држава да биде Албанец

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Чаир на партиски митинг, најави рушење на нова барикада.

„После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, по претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

Тој на митинг им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Според него, тој навистина вредно работел и заслужува нов мандат.