дома Македонија „АЈ НЕ СЕ ЈАВЕТЕ ДА ВИДАМ!!!“: Мобинг во меѓуопштинскиот центар за социјални...

„АЈ НЕ СЕ ЈАВЕТЕ ДА ВИДАМ!!!“: Мобинг во меѓуопштинскиот центар за социјални работи!

Не престанува дрското и арогантно однесување на кадрите поставени од СДС, кои секојдневно вршат мобинг врз вработените во администрацијата, испраќајќи разни закани и уцени. Таков е и примерот со директорот на меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје

 

Со порака „Ај не се јавете да видам!!!“ в.д. Директорот на меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје, врши активен мобинг врз вработените во институцијата, заканувајќи им се дека тие мора да бидат достапни во секое доба од денот, без разлика дали е тоа во текот на работното време или не. Во спротивно, ќе следат санкции.

Класичен случај за мобинг, за кој како што дознаваме и покрај пријавите на вработените, сеуште нема никаква реакција од Народниот правобранител и ОЈО.