дома Uncategorized А, ЗОШТО НЕ СЕ БЛОКИРА НАПЛАТНАТА „ПЕТРОВЕЦ“: Ако Хан доаѓа во 10.30...

А, ЗОШТО НЕ СЕ БЛОКИРА НАПЛАТНАТА „ПЕТРОВЕЦ“: Ако Хан доаѓа во 10.30 изутрина, зошто протестот е во 17.00 часот пред Влада?

Еврокомесарот Јоханес Хан заедно со уште три европратеници утре изутрина ќе слета во Македонија, на најавената средба со претставниците на политичките партии во пресрет на закажаната координација на пратеничките групи со претседателот на Собранието Трајко Вељановски на која се очекува Заев да спроведе нов план за изигрување на Маекдонските граѓани и да го исполни ветеното до албанските патии, односно да се постави еден од командантите на УЧК за Претседател на Собранието

Иницијативата „За заедничка Македонија“ за утре најави масовни протести, помасовни од било кои во претходните 20-тина дена, но истите ќе се одржат во исто време, со истата рута на марширање.

Претходно, Хан го одби барањето на иницијативата за средба со нивни претставници со образложение дека е премногу зафатен, иако претходно тој и неговите колеги наоѓаа време да се сретнат со претставници на т.н. „шарена револуција“ па дури  и да присуствуваат на нивните насилни протести.

Имајќи го сето ова во предвид, новинарот Миленко Неделковски постави легитимно прашање на неговиот ФБ профил.

Неделковски дури понуди и логистичка поддршка доколку има потреба, со цел блокирање на наплатата рампа „Петровец“ каде што треба да помине делегацијата на пат од Аеродромот „Александар Велики“ кон Скопје.