дома Балкан А ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО?: Услов за интеграција на Албанија во ЕУ...

А ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО?: Услов за интеграција на Албанија во ЕУ е почитувањето на правата на грчкото малцинство

Почитувањето на правата на грчкото малцинство е услов за добивање на датум за преговори за влез на Албанија во ЕУ.

Ова се наведува во писмото што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го испрати до друштвото на грчкото малцинство во Албанија „Омонија“, пренесува тиранската телевизија Ора њуз.

Главна зaгриженост на грчката Влада и моја лична е ефикасна заштита на малцинските и имотните права на грчкото национално мaлцинcтво во Албанија, што е услов за започнување на преговорите за интеграција на Албанија во ЕУ. Владата и Нова демократија со политичка волја секогаш ќе бидат на страната на грчкото малцинство во Албанија, од секој аспект, стои во писмото на Мицотакис.

Исто така шефот на грчката Влада додава дека билатералните односи меѓу двете држави дополнително ќе се развиваат и зајакнуваат, не само во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ, туку и пошироко, што според него, ќе ги фаворизира и малцинствата и напредокот на двете земји.