дома Свет Бангладеш под вода, милиони луѓе останати без дом

Бангладеш под вода, милиони луѓе останати без дом

Константниот дожд потопи најмалку четвртина од Бангладеш, носејќи со себе се што имаат сиромашните луѓе – нивните кози и кокошки, куќи од лим и кал, кеси со ориз за сушниот период

Ова е последната несреќа што го погоди народот од 165 милиони луѓе кој живее покрај оваа огромна делта.Покрај брегот, покаченото море проголта цели села. И додека е премногу брзо за да се процени каква улога имаат климатските промени, Бангладеш веќе сведочи на зголемени речни поплави предизвикани од моќната Брахмапутра, и научниците предвидуваат дека ке се се зголеми како климатските промени ке интензивираат.

„Страдањето ќе се зголеми“ – Изјави Салејдул Хасан, хуманитарниот директор на БРАЦ, интернационална организација базирана во Бангладеш што дистрибуира храна, пари и течен сапун на луѓето кој се погодени од поплавите.

Ова е едно од најударните нееднаквости на модерната ера. Тие што се најмалку одговорни за загадувањето на Земјината атмосфера се меѓу најпогодените од последиците.
Овој предел ја мачи дипломатијата веќе цела генерација, и со голбалната пандемија и заканата од колапс на економијата се заканува да ги фрли најранливите луѓе уште подлабоко во беда.