дома Бизнис БАНКИТЕ СТРАВУВААТ: Amazon воведува банкарски услуги!?

БАНКИТЕ СТРАВУВААТ: Amazon воведува банкарски услуги!?

Според релултатите добиени од едно истражување кое неодамна беше спроведено од Bain&Co, можно е гигантот Amazon за 5 години да има 70 милиони корисници на финансиски услуги.

Концептот Amazon bank наскоро би можел да прерасне во банкарски гигант, доколку Amazon склучи договор за партнерство со американски банки со кои преговара во моментов.

Во почетниот план предвидено е да се работи со млади луѓе кои ќе имаат своја сметка во банка под брендот Amazon, а понатаму да ги развие и понуди и останатите банкарски услуги како кредитирање, депозити итн.

Доколку Amazon ја спроведе својата замисла, тоа може да биде револуција кај светските гиганти кои сигурно ќе посакаат да ја прошират својата дејност и со банкарството. Покрај Amazon, заинтересирани за проширување на својот бизнис ќе бидат и Google, Facebook, Alibaba и сл.

Доколку банките ја видат можноста за соработка со овие компании, би можеле максимално да профитираат на пазарот, но доколку ги гледаат овие компании како конкуренција, тогаш навистина треба да стравуваат за својата иднина.