дома Актуелно БАРАШЕ ДА СЕ ПОЧИТУВА УСТАВНИОТ СУД: Ќе прифати ли Џафери поништување на...

БАРАШЕ ДА СЕ ПОЧИТУВА УСТАВНИОТ СУД: Ќе прифати ли Џафери поништување на неговиот избор

Доколку Уставниот суд го поништи изборот на Џафери, тој би можел повторно да биде избран за претседател, но низ една редовна процедура, како што налага собранискиот деловник и Уставот.

Иако Талат Џафери со објавувањето на одлуката во „Службен весник“ стана претседател на Собранието, неговата функција може да биде загрозена доколку така одлучи Уставниот суд. Завчера Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес поднесе претставка со кој го оспори неговиот избор на 27 април во Собранието.

Според него, одлуката за избор на Џафери е спротивна на Уставот, законите и Деловникот.

– Очекувам Уставниот суд да ја поништи одлуката за избор бидејќи тоа е општ пропис за кој судот е надлежен да одлучува. До донесувањето на конечната одлука очекувам судот да донесе одлука за запирање на извршување на поединечните акти и дејствија што се преземени – објаснува Петров за Телеграф.мк.

Доколку Уставниот суд го поништи изборот на Џафери, тој би можел повторно да биде избран за претседател, но низ една редовна процедура, како што налага собранискиот Деловник и Уставот.

За потсетување, само пред една година Џафери се повикуваше на почитување на одлуките на Уставниот суд. Во својство на пратеник тој поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Тогаш тој сметаше дека е неуставна одлуката за распуштање на Собранието на 5 јуни, иако пратениците на неговата партија гласаа за оваа одлука на седницата на 24 февруари.