дома Спорт Барди ни донесе голем бод против Словенија

Барди ни донесе голем бод против Словенија

Фудбалерот на Леванте, Енис Барди донесе голем бод за Македонија, во квалификацискиот меч против Словенија кој заврши со нерешен резултат, 1-1.


Селекцијата на Игор Ангеловски имаше неколку фантастични шанси преку Пандев и Барди, но Словенија од својата прва сериозна акција дојде до водство. При еден центаршут, Зајц умешно избега на нашата одбрана и погоди за 1-0.

Во второто полувреме, нашиот национален тим загира подобро, а Енис Барди одлично ја искористи асистенцијата на Алиоски и биеше неодбранливо кон голот на Облак.