дома Свет Бајден ги ykинa caнкциитe нa Трамп пpoтив Мeѓyнapoдниoт kpивичeн cyд зa вoeни...

Бајден ги ykинa caнкциитe нa Трамп пpoтив Мeѓyнapoдниoт kpивичeн cyд зa вoeни злocтopcтвa вo Авганистан

Бајден ги укина санкциите за судиите и персоналот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, што беа воведени од Доналд Трамп.

Трамп ги воведе санкциите поради истрагите на МКС за вмешаност на САД во воени злосторства во Авганистан, рече државниот секретар Ентони Блинкен.

Блинкен додаде дека Стејт Департментот поништил уште една одлука од ерата на Трамп, да воведе визни санкции за одредени лидери на МКС во јуни 2020 година.

„Овие одлуки ја одразуваат нашата проценка дека мерките се несоодветни и неефикасни“, рече Блинкен, пренесе Ројтерс.

Блинкен, сепак, додаде дека САД ќе продолжат „силно да се спротивставуваат на постапките на судот во врска со Авганистан и ситуацијата со Палестинците“ и дека Вашингтон повеќе би сакал да избере дијалог со судовите отколку да воведе санкции.