дома Свет Бајден го повика Путин на средба на неутрална територија

Бајден го повика Путин на средба на неутрална територија

Во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, американскиот претседател Џо Бајден предложи да одржат состанок во трета земја, објави Белата куќа.

„Претседателот Бајден ја потврди својата цел: да изгради стабилни и предвидливи односи со Русија во согласност со интересите на САД и предложи одржување на самит во трета земја во наредниот месец за да се разговара за целиот спектар на прашања со кои се соочуваат САД и Русија“, се вели во изјавата.

За време на телефонскиот разговор, Бајден изрази загриженост за „наглото“ зголемување на руските воени сили на границата со Украина.

„Бајден ја истакна непоколебливата посветеност на Соединетите држави за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се заклучува во соопштението.