дома Свет Бајден денес ќе се обрати на нацијата

Бајден денес ќе се обрати на нацијата

Говорот ќе се одржи пред утрешниот празник на Денот на благодарноста во САД, што е време кога милиони Американци обично се собираат со семејството и кога многумина патуваат да го сторат тоа.

Но, оваа година, додека Ковид 19 шета низ земјата, федералната влада ги повика луѓето да останат дома. Канцеларијата за транзиција на Бајден изјави дека ќе зборува за заедничките жртви што ги прават Американците за време на овие празници .

Вчера Џо Бајден нагласи дека САД се подготвени повторно да го водат светот, а не да се повлекуваат од него, алудирајќи на наглата промена на политиката на претседателот во заминување Доналд Трамп под слоганот „Америка прва“.