дома Свет Бајден со најголем пaд на рејтингот од кој било друг американски претседател...

Бајден со најголем пaд на рејтингот од кој било друг американски претседател од крајот на Втората светска вojна

Рејтингот на американскиот претседател Џозеф Бајден падна во текот на првите девет месеци од неговото претседателствување повеќе од кој било друг американски претседател од крајот на Втората светска војна.

Популарноста на Бајден падна за 11,3 отсто (од 56 отсто за време на неговите први три месеци на функцијата на 44,7 отсто во последните три месеци), покажуваат резултатите од новата анкета на Галуп.

Ова е поголем пад отколку што доживеа поранешниот американски претседател Барак Обама во првите девет месеци од неговото претседателствување, кога неговиот рејтинг падна за 10,1%.