August 19, 2022, 12:59 am

Безбедносен ризик во БиХ: Хрватскиот претседател ја откажа посетата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За денеска најавената посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на Босна и Херцеговина и присуството на настанот по повод 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат кон Нова Била и Босна Сребрена“ се откажува од безбедносни причини, соопштија од кабинетот на претседателот на Хрватска.

„Одлуката за откажување на посетата се заснова на безбедносната проценка на надлежните институции на Република Хрватска“, тои во соопштението.

„Претседателот Милановиќ изразува жалење што нема да учествува на одбележувањето на овој значаен настан за Хрватите од Лашванска долина и изразува силна поддршка и благодарност до организаторите за зачувување на споменот на хуманитарниот конвој“, се додава во соопштението од Кабинетот на хрватскиот претседател Милановиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This