Безбедносни мерки на највисоко ниво: Швајцарија го затвора небото за цивилни летови поради самитот Путин-Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Швајцарските власти ја разгледуваат можноста за затворање на нивниот воздушен простор за цивилната авијација за време на самитот на руските и американските претседатели Владимир Путин и Џозеф Бајден, изјави претставникот на Федералното министерство за одбрана, Лоренц Фришнехт.

Како што рече, засега не е во можност да презентира повеќе информации на таа тема, но потврди дека има дискусија за тоа.

Покрај затворањето на воздушниот простор, се разгледуваат и мерките за распоредување дополнителни сили за противвоздушна одбрана, како и борбени авиони, со цел да се обезбеди безбедност на претседателот.

Да потсетиме, средбата меѓу претседателите на Русија и Соединетите држави е планирана на 16 јуни во Женева. Претходно, портпаролот на Белата куќа Џен Псаки изјави дека Бајден ќе разговара за стратешката стабилност, Украина и Белорусија на состанокот со неговиот руски колега.

1 коментар

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This