дома Македонија Без вода до утре до 11 часот дел од корисниците во Кавадарци

Без вода до утре до 11 часот дел од корисниците во Кавадарци

Поради дефект на стара приклучна линија на улицата „Шишка“ во Кавадарци, без вода за пиење до утре до 11 часот ќе останат околните куќи околу старото училиште.

Ова попладнево го соопшти Јавното претпријатие „Комуналец“.

Претрпијатието апелира водокорисниците од тој дел на градот да имаат трпение и разбирање за настанатата ситуација. (МИА)