дома Локално Без вода неколку скопски улици

Без вода неколку скопски улици

Без вода денеска ќе останат дел од корисниците од втора зона (околу 50 куќи) на улица „Христо Татарчев“ поради уличен дефект Ф-2 на таа улица, соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.

Поради реконструкција на водоводна мрежа Ф-80мм на улица „Иван Хаџиниколов“ раскрсница со „Скендер Бег“, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците „Иван Хаџиниколов“, „Бранко Заревски“ и „Скендер Бег“ од 14 часот до завршување.