дома Социјални Мрежи БЕЗ КОМЕНТАР: Вработените во „Македонски Шуми” сѐ уште без плата, а од...

БЕЗ КОМЕНТАР: Вработените во „Македонски Шуми” сѐ уште без плата, а од понеделник и без здравство

Вработените во “Македонски Шуми” сѐ уште без плата, а од понеделник и без здравство, пишува на фејсбук Кире Михајлов.

Зоране, срaмота е ова Вашето, грaм човечност и осет да се немало. Ги оставивте луѓето без пари за празниците. Ги оставивте луѓето без здравство во епидемијата на векот и мува не Ве лази.

Им кратевте, па враќавте пари, бедно. Оваа нeсериозност е невидена, мизeрија која не може да се објасни, сpамота. Место зголемен обем на работа, добивме превработување. Овие денови слушам пак нови се шетаат по дирекција, дали?

Па имај малку осет, ни прв, ни последен.

Шумарството нит почна, нит ќе заврши со тебе, ама трагот од секого таму е вечен.

Твојот траг подобро да го немаше.

Врти таму по влада кога веќе очигледно си неспособен да се справиш, нека помагаат.

Исто така, би апелирал до сите оние колеги кои имаат потреба од лекови, утре да си ги посетат матичните лекари затоа што од понеделник ќе мора да ги купуваат на приватно. Жaлно, но вистинито!