дома Политика БЕЗ МНОГУ ГАЛАМА, ЌЕ ВИ ГИ ВЛЕЧАТ УШИТЕ НА КАЛЕТО: Зијадин Села...

БЕЗ МНОГУ ГАЛАМА, ЌЕ ВИ ГИ ВЛЕЧАТ УШИТЕ НА КАЛЕТО: Зијадин Села со порака до Али Ахмети да не доаѓа во Струга!

Зијадин Села од Кичево му порача на лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, да не доаѓа во Струга.

„Али, ние имаме јавно прашање за тебе: ‘Што ќе направиш кога ќе дојдеш во Струга, ќе повикаш да се поделиме или да се обединиме? Не треба да доаѓате, бидејќи Албанците се обединети во сите населени места и општини, вклучувајќи ги и Охрид и Битола, со заеднички списоци“, се обрати првиот човек на Алијанса за Албанците и кандидат за нов градоначалнички мандат во Струга на предизборниот митинг во Кичево.