дома Локално Без cтpујa утре повеќе делови од Скопје

Без cтpујa утре повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Аеродром и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Марко Орешковиќ”, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 08:00 до 09:30 часот без струја ќе останат корисниците од ресторанот „Интермецо”, карате клубот „Работнички”, пералните за возила на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” броевите: 70, 75, 77, 79, Општина Центар.

Во периодот од 08:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од Стопанските и нестопанските објекти од семафорите во Пинтија до мостот на влез во Драчево, сите компании и бензиски пумпи од тој дел ќе бидат со повремени прекини во тој период, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците во зградата на КЈУБИ, Општина Центар.

Во периодот од 08:00 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата 1611, Општина Аеродром.

Во периодот од 13:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Трета Македонска Бригада”, делот кај подулицата со бр.3, Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Хелсиншка” околу броевите 11 и 13, улицата „Ташкентска” околу броевите 20 и 22, Општина Карпош.