дома Македонија БЕКИМ МАКСУТИ „ЛЕТАШЕ ОРЛИ“: Заменик министерот за oдбpaна „леташе орли“ во Албанија

БЕКИМ МАКСУТИ „ЛЕТАШЕ ОРЛИ“: Заменик министерот за oдбpaна „леташе орли“ во Албанија

Заменик-министерот за одбрана на Р.Македонија, Беким Максути, при неговата посета на Р.Албанија „летал орли“, употребувајќи го поздравот кој означува „голема Албанија“ заедно со неговите колеги од регионот

 

Беким Максути, заменик-министер за одбрана, по потекло од тетовско Шипковица, на состанок во соседна Албанија го употребил спорниот поздрав со „летање орли“ кој претставува знак на „голема Албанија“.

Максути е заменик-министер во министерството за одбрана на Р.Македонија, што ваквиот потег го прави дотолку попроблематичен, особено во контекст на неодамнешните гледишта на високи претставници на НАТО, но и на Албанија и Косово за промена на границите на Балканот.