дома Свет БЕЛАТА КУЌА: Ова веќе нема да го трпиме

БЕЛАТА КУЌА: Ова веќе нема да го трпиме

Новиот шеф на Белата куќа Рајнс Прибус ги обвини американските медиумски куќи дека имаат намера да го рушат легитимитетот на претседателот на САД Доналд Трамп.

„Медиумите се обидуваат да го лишат од легитимитет Трамп, но ние тоа нема да го трпиме“изјави тој.

Според него, Белата куќа со сите сили ќе се бори против таквото однесување на медиумите.

Претходно Белата куќа ги критикуваше медиумите поради начинот на пренос на церемонијата на инаугурацијата, а некои дека се обиделе да го намалат бројот на присутни луѓе кои присуствуваа на инаугурацијата.