дома Европа Белорусија – Мapш на жeни вo бeлo вo coлидapноcт со пoвpeдeнитe вo...

Белорусија – Мapш на жeни вo бeлo вo coлидapноcт со пoвpeдeнитe вo пpoтecтитe

Стотици жени во бела облека и со бели рози и други цвеќиња во рацете формираа „жив синџир“ на Плоштадот Комаровски во Минск, во знак на солидарност со повредените за време на протестите изминатите денови во Белорусија.

Полицијата побара жените, претежно млади девојки, да се разотидот, што тие и го направија, но набрзо се вратија на плоштадот.

Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме“.

Протестите во Белорусија почнаа вечерта на 9 август, откако актуелниот претседател Александар Лукашенко прогласи победа на претседателските избори.

Протестите продолжија во понеделникот и вторникот, при што беа уапсени неколку илјади демонстранти, едно лице е убиено кога се обидело да фрли експлозивна направа кон полициските сили и која експлодирала во неговата рака.

Главниот противник на Лукашенко, Светлана Тихановска, која, според властите освоила 10,09 проценти од гласовите, избега во Литванија.

Западните лидери ги осудија насилствата во Белорусија. ЕУ оцени дека изборите не биле ниту слободни, ниту фер.