November 29, 2022, 2:54 pm

Белорусија ја остава ЕУ без нафта: Го затвори главниот нафтовод

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белорусија најави дека се потребни „непланирани поправки“ на кракот на нафтоводот „Пријателство“, кој доставува нафта од Русија преку земјата до бројни земји од Европската унија.

Како што се наведува, работите за одржување ќе траат три дена.

Претставниците на рускиот извозен енергетски гигант „Транснефт“ во денешното соопштение велат дека снабдувањето може да се соочи со краткорочни прекини.

Нафтоводот ги поврзува нафтените полиња во централна Русија со потрошувачите во Полска, Унгарија, Чешка и Германија

Веста доаѓа само неколку дена откако белорускиот лидер Александар Лукашенко предупреди дека неговата земја би можела да го прекине снабдувањето со гас за Централна и Западна Европа како одговор на влошениот спор околу илегалната миграција на границата со Полска.

Лукашенко минатата недела рече дека кога лидерите на ЕУ ќе ги разгледаат потенцијалните идни санкции, треба да имаат на ум дека тој може да го „прекине“ снабдувањето со енергија преку гасоводот Јамал – Европа, кој доставува од Сибир до Германија и другите земји на ЕУ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This