дома Актуелно БЕСА СЕ ФИНАНСИРАЛА ОД СОМНИТЕЛНИ ИЗВОРИ: Пари од Кувајт, Саудиска Арабија, САД...

БЕСА СЕ ФИНАНСИРАЛА ОД СОМНИТЕЛНИ ИЗВОРИ: Пари од Кувајт, Саудиска Арабија, САД и други западни земји влегле во БЕСА и некои невладини!

Одделот за организиран криминал при Јавното обвинителство во Скопје започна со истрага за нелегално финансирање на изборниот процес во повеќе невладини организации и движењето на политичката партија БЕСА

Според првичните информации, невладините организации биле финансирани од низа на странски донатори, од земји како Кувајт, Саудиска Арабија, Дубаи, но и од Владат на САД и други влади од западните земји.
Секако, покрај финансиерите се наоѓа и „Институт отворено општество“ фондација на Џорџ Сорос.

Обвинението е формирано помеѓу 20 и 30 декември, односно веднаш по завршувањето на предремените парламентарни избори, односно неколку дена по прогласот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти декември со кој беше најавен процесот на десоросоизација.

Во истрагите се вклучени и Агенцијата за финансиско разузнување, и секторите на МВР.