дома Русија БЕСПИЛОТНИ ХЕЛИКОПТЕРИ: Во Русија се тестира нов беспилотен хеликоптер!

БЕСПИЛОТНИ ХЕЛИКОПТЕРИ: Во Русија се тестира нов беспилотен хеликоптер!

Sputnik

Во конструкторското биро започнаа копнени тестирања на беспилотниот хеликоптер, изјавија од прес-службата на државната корпорација „Ростех“

Sputnik

Масата на леталото при полетување достигнува 500 килограми, а нејзините конструктори се од холдингот „Хеликоптери Русија“. Веќе се направени два модели, од кои еден се тестира во Конструкторското биро.

Дронот може да носи до 150 килограми корисен терет и развива брзина до 150 километри на час. Хеликоптерите ќе се управуваат од копнен центар на база на возилата КАМАЗ.

„Ова е прв модел од ваков вид во Русија. Нашите експерти успеаа да постигнат значаен прогрес, а ние планираме да започнеме со тестирање на овој комплекс во втората половина на 2018. година“, наведува директорот на „Хеликоптери Русија“, Андреј Богински.

Индустрискиот директор на авиациониот кластер на „Ростх“ Анатолиј Сердјуков нагласи дека овие модели би можеле да имаат добра перспектива, како на воениот така и на цивилниот пазар.

Според неговите зборови, ваков дрон може да поседува систем за набљудување и сериозно вооружување кое денешните дронови не се во состојба да ги кренат во воздух.