дома Свет БЕШЕ НА ТРИ МЕТРИ ОД АЈКУЛА: Татко си го фотографираше синот како...

БЕШЕ НА ТРИ МЕТРИ ОД АЈКУЛА: Татко си го фотографираше синот како сурфа, кога ја зумира сликата, остана во шок

Видов нешто чудно во водата, помислив дека се алги, но кога го чув татко ми како ме вика, помислив дека можеби е ајкула, вели момчето.

Еден Хасон (10) сурфал на плажата Самураи и се соочил со ајкула. Неговиот татко Крис Хасон без да знае го овековечил овој стравотен момент. А фотографиите за среќниот ден на ова момче се споделуваат и по социјалните мрежи.

Крис стоел на карпата и го фотографираше својот син додека ужива на штицата со високите бранови.
– Видов нешто чудно во водата, помислив дека се алги, но кога го чув татко ми како ме вика, помислив дека можеби е ајкула – објаснува момчето за „Дејли мејл“.

ON AIR with @paulbevo: Chris Hasson’s son surfed over a shark at Samurai Beach yesterday afternoon http://ab.co/1233live 

Од другата страна, пак, Крис случајно го фотографирал својот син во опасност, а дури откако ја зумирал фотографијата, забележал дека се работи за голема бела ајкула. Тој, кога излегол неговиот син од водата, ја објавил фотографијата на Фејсбук, по што следувале низа коментари и зезања на сметка на ајкулата.

За среќа, сè добро завршило.