дома Македонија БЕЈЛИ КОНЕЧНО СИ ЗАМИНА: Благодарам С.. Македонија, се гледаме!

БЕЈЛИ КОНЕЧНО СИ ЗАМИНА: Благодарам С.. Македонија, се гледаме!

Американскиот амбасадор, Џес Бејли си заминува од земјава. Тој со Твитер налог се заблагодари пишувајќи: „Благодарам С.. Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“.

Џес Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014. Во земјава тој пристигна од Анкара каде беше вршител на должноста амбасадор.

На негово место во земјава треба да пристигне Бејт Брнс, која досега беше во амбасадата на САД во Атина на функцијата заменик-амбасадор.