Актуелниот градоначалник на ДУИ во Гостивар, Невзат Бејта, се самопрогласил за иден кандидат за втор мандат во градоначалничката фотеља, како кадар на ДУИ. Сепак, неофицијално од партијата дознаваме дека Бејта нема ниту поддршка од членството на партијата, ниту пак ужива кредибилитет кај гостиварчани
Невзат Бејта, актуелниот градоначалник на Гостивар кој ја освои управувачката фотеља на градот со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави и лидерот на партијата Никола Груевски, пред два дена свикал состанок на општинскиот огранок на ДУИ и се самопрогласил за кандидат на следните локални избори.
Сепак реалноста не може да биде подалеку од тоа што го пласираат соросовите медиуми на албански и македонски јазик, како оној на Бранко Геровски.
Имено, Бејта во моментов е отпадник на ДУИ и не ужива никаква поддршка од партијата, освен од неколкумина свои соработници кои ги придобил благодарение на неговата градоначалничка функција. Токму со овие, вчера пред два дена, доцна вечерта тој се самопрогласил за кандидат на ДУИ, но неофицијално од партиски извори дознааме дека Бејта нема никаква поддршка. Знаејќи го ова, Бејта имал и обиди во текот на вчерашниот ден да придобие и истакнати членови и активисти од ВМРО-ДПМНЕ и другите коалициони партии да му се приклучат и да работат за него, а за возврат ветувал советнички позиции.
Ваквото однесување предизвикало раскол во општнскиот во ДУИ, па оставка си поднел и истакнат партиски функционер.
Во своето интервју за Дневник, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски објасни за каква личност станува збор, кога се говори за Невзат Бејта. Имено, тој во соросоидните медиуми и на социјалните мрежи даваше коментари дека е против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а воедно настрана од очите на јавноста се восхитувал на политичкиот капацитет на Груевски.
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
Во што се истакнувал Бејта?
Колку што се сеќавам, тој по првиот круг на изборите во Гостивар губеше, а во вториот кога се вклучија македонските гласачи и победи. Од македонските партии таму ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба?
-Да, така беше. За жал, на последната моја посета на Гостивар забележав големо незадоволство од неговата работа кај Македонците, но и кај Ромите и Турците во Гостивар. Сепак, има уште малку време до мај за да го подобри впечатокот со реални проекти и решавања проблеми, и тој и некои други градоначалници на ДУИ кои на секои избори ја бараат поддршката не само од Албанците туку и од Македонците и од другите граѓани – потенцира Груевски
[/kopa_block_quote]