дома Македонија Беџети за „новинарот“: Зеќири како новинар бараше пари од поранешниот градоначалник на...

Беџети за „новинарот“: Зеќири како новинар бараше пари од поранешниот градоначалник на Сарај за да го промовира езерото Треска

Блерим Беџети во вечерашното издание на дебатнио магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека Мухамед Зеќири како новинар побарал пари на црно од поранешиот градоначалник на Сарај, Беким Мурати за да го промовира проектот за езерото Треска во Сарај.

Парите од градоначалникот ги побарал преку негов новинар-пријател, тврди Беџети.

Беџети вели јавно во емисијата „Click Plus“ дека стои зад тоа што го зборува и дека стои на располагање на обвинителството.