дома Македонија „Билka“ по нajaвата на 3aeв за лeгaлизациja нa мapиxyанaтa: Ќe ни кaжaт...

„Билka“ по нajaвата на 3aeв за лeгaлизациja нa мapиxyанaтa: Ќe ни кaжaт дeкa лeгaлнo ќe мoжeмe дa cи кyпимe caмо oд нив

По изјавата на премиерот Зоран Заев, дека владата размислува за легализација на марихуаната, со цел да се стимулира туризмот и економијата, со реакција се јавија од Здружението за канабис и зелени политики „Билка”.

-Она во што се сомневавме и на кое се противиме полека се остварува. Планов ни е од лани познат само нашите информации велеа Скопје, Струмица и Охрид. Начелно нема ништо лошо да се легализира и продава во локали, но моделот е многу важен. И легализацијата на канабис во медицински цели е добра идеа па видовме како тоа заврши, со воведување екстремно високи услови со цел ограничување на пристапот.
Ние сме загрижени дека ќе ја гледаме истата приказна.

Воедно круцијално прашање е дали граѓаните ќе може да садат дома? Внимателно прочитајте ја реченицата “потеклото на канабисот„ ова нам ни укажува дека нема да се дозволи садење дома туку легално ќе може да си купиме само од НИВ, во спротивно пак ќе бидеме апсени и третирани како криминалци. Нека им служи на чест на владините невладини кои учествуваат во вакви бљувотини. ОТПОР!, велат од „Билка“.

Премиерот Заев во интервју за „Дојче веле“ ја најави можната легализација на марихуаната.

-Целта е токму тоа. Да биде контролирано како во Амстердам и многу други градови во светот. Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и слично, да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, изјавил Заев за Дојче Веле.