дома Политика БИТКА ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО НСДП: Тито Петковски лиферувал лажни информации, Јосифовски тврди...

БИТКА ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО НСДП: Тито Петковски лиферувал лажни информации, Јосифовски тврди дека не ја повлекол кандидатурата

Во трката за претседател на партијата НСДП настана препукување меѓу кандидатите за претседател на партијата, Тито Петковски и Љубомир Јосифовски. Медиумите објавија дека поранешниот пратеник Јосифовски ја повлекол кандидатурата за претседател на Партијата и дека единствен кандидат е Тито Петковски.

-Ниту сум повлекол кандидатура, ниту пак има намера…Тито Петковски на највулгарен начин ја злоупотреби својата позиција, напиша на својот Фејсбук профил, Јосифовски и побара од медиумите кои ја објавија веста да го објават демантот.