November 29, 2022, 3:13 pm

Биткоин пoвтopнo cкoкнa oткaкo „Виза“ зaпoчнa пилoт пpoгpaмa зa плaќaњa вo кpиптoвaлyти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера, компанијата Виза започна пилот програма за плаќања во криптовалути, со акцент на крипто доларот, односно на алтернативната валута USDC.

Сите дигитални пари се развиваат од ден на ден, и поради оваа вест, биткоинот повторно го надмина прагот од 58.000 долари во вредност, првпат во последните седум дена. Во моментов е близу 59.000 американски долари.

Имено, вчера попладне, дигиталната монета скокна за 4% (достигна вредност од 58.353 долари), според податоците на „Коиндеск“. И другите крипто-валути напредуваа вчера, бидејќи плаќањето за нив – во редовна смисла – е сè поблиску до реализација и масовна примена.

Така, етериумот се зголеми за околу 5 проценти, а XRP за околу 3 проценти. Потсетуваме дека најновиот потег на Виза, заснован на етерум блокчеин технологијата , ја елиминира потребата за конвертирање на дигиталната во традиционална валута, при извршување на трансакции.

Виза планира да им овозможи на повеќе компании да ја користат оваа опција во иднина. Конкретно, биткоинот се искачи за 100% од почетокот на 2021 година и само оваа година постави максимум на сите времиња 61,556 долари.

Можете ли да замислите свет во кој плаќаме со криптовалути? Пишете ни во коментари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This