December 8, 2022, 8:23 am

Биткoинoт pacтe – ce пpиближyвa дo апpилcкото peкopдно нивo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на биткоинот денеска достигна највисоко ниво во последните шест месеци и се приближува до рекордното ниво од април, бидејќи меѓу трговците постои верување дека американските регулатори ќе одобрат лансирање на берзанскиот фонд за тргување со фјучерс договори (ЕТФ) за биткоин.

Најголемата криптовалута во светот порасна за речиси 4,0 проценти на 59.664 долари, што е највисока вредност од средината на април. Оваа година двојно ја зголеми вредноста и се приближува до априлскиот рекорд, кога се тргуваше за дури 64.895 долари, пренесува Ројтерс.

Американската комисија за хартии од вредност се подготвува да го дозволи првото тргување со фјучерси на биткоин во САД следната недела, објави „Блумберг њуз“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Бен Каселин, шеф за истражување и стратегија на азиската берза за криптовалути AAX, вели дека скокот на биткоинот над 59.000 долари не е произволен, бидејќи инвеститорите кои долгорочно инвестираат веќе ја акумулираат најстарата криптовалута во светот.

“На пазарите нашироко се очекува во четвртиот квартал да направат значителен чекор напред во однос на прашањето за ЕТФ тргување на биткоини во САД”, рече тој.

Тој додава дека денешниот раст на биткоинот бил поттикнат и од твитот на канцеларијата за едукација за инвеститори на Американската комисија за хартии од вредност .

„Пред да инвестирате во фонд кој работи со фјучерс договори за биткоин, внимателно измерете ги потенцијалните ризици и придобивки“, стои во твитот.

Американската комисија за хартии од вредност не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот на „Блумберг“.

Извор: denar.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This